Молк и тага на гробиштата: Почна погребот на малиот Лука (13), другарите носат маички со неговото име

Најтажната поворка од Брач стигна во Нови Сад.
Денеска во 11 часот, на гробиштата во Петроварадин, почна погребот на малиот Лука Милинковиќ (13), дете од Нови Сад кој починал од мозочен удар нуркајќи во морето на Брач, на првиот ден од летувањето.
На последното испраќање, беа членовите на семејството, пријателите, другарите на Лука, спортисти - колеги на неговиот татко Маркос - одбојкарите Слободан Бошкан и Никола Грбиќ.
Другарите на Лука дојдоа да го испратата облечени во бели маички на кои го пишуваше неговото име - Лука.

Трагедијата се случи во саботата, а на Брал во мешувреме од Аргентина стигна таткото на детето Маркос Милинковиќ, одбојкарска легенда.
Мајката на Лука, Јелена Вукобрат по разводот од Милинковиќ, со синот и ќерката живеела во Нови Сад, и за медиумите раскажа што се случило кобниот ден.
-Седев со ќерката на плажа и ги гледавме децата. Лука со другарите возеше кајак. Ми се јави, како и секогаш пред да отиде, рече низ солзи Јелена Вукобрат.
Како што наведе, Лука се занимавал со спорт целиот живот, како и неговиот татко.
-Беше силен, енергичен и полн со живот. А морето беше мирно, залив... Лекарите му рекоа дека имал излив на крв во мозокот. Тој се роди на остров, пливаше од втората година - во Дунав, океан, море...Активен спортист, постојано времето го поминуваше на кош, на велосипед. Секој месец имаше редовни прегледи. Зошто тој - рече мајката на несреќниот Лука, чии најблиски пријатели и роднини дошле во Хрватска.
Ново на Сител
-

Уапсен 27-годишен стружанец, пронајдени 41 паковка со марихуана
-

Одложување на примената на ЕЕС-системот на грчките граници за македонските државјани во летната сезона бара Туристичката комора на ССКМ
-

Нафтата поскапува трет ден последователно, берзите вознемирени поради кревкото примирје на Блискиот Исток
-

За една година удвоен бројот веб-страници што продаваат материјали со сексуална злоупотреба на деца
-

Продолжен куќниот притвор на Артан Груби
-

Специјалниот претставник на Трамп, Зампаоли предложи Иран да се замени со Италија на СП 2026
-

Најстудено утрово на Попова Шапка -4 степени
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ Муамед Сејдини за проневера од 700.000 евра
