Американскиот сенатор Ренд Пол и Доналд Трамп разговарале за реформа на здравствениот систем
Американскиот сенатор Ренд Пол денеска изјави дека телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за реформа на здравствениот систем и дека му кажал дека смета дека тој го има авторитетот да формира Здружение кое на организациите ќе им овозоможи да нудат планови за здравствено осигурување.
Како што наведуваат британските медиуми, овозможувањето на групите, како што е ААРП, која ги претставува пензионерите, да формираат здравствени здруженија, на поединциите и малите претпријатија ќе им овозможат да формираат поголеми групи за преговори со компаниите за здравствено осигурување за пониски рати.
Републиканецот Пол, на новинарите им кажа дека Трамп размислувал да преземе некој вид извршна акција, за да се решат проблемите со системот за здравствена заштита, откако минатата недела Сенатот не успеа да ја усвои мерката за реформа на системот.
Ново на Сител
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило