Четири арапски земји разгледуваат нови санкции кон Катар
Министрите за надворешни работи на Бахреин, Египет, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Саудиска Арабија денеска одржуваат средба во бахреинскиот главен град Манама, на која се разгледува воведувањето на нови економски санкции кон Катар.
Како што објави весникот „Ал Хајат“, повикувајќи се на дипломатски извори, се очекува на средбата да бидат договорени санкции, кои „ќе имаат директни последици по катарската економија“.
Кризата околу Катар започна на 5 јуни кога овие четири земји ги прекинаа дипломатските односи со Доха и воведоа блокада и санкции кон земјата, обвинувајќи ги катарските власти за поддршка на тероризмот и на исламските екстремисти. Властите во Доха ги отфрлија ваквите обвинувања, тврдејќи дека овие мерки се одмазда на Саудиска Арабија поради пријателските врски и соработка на Катар со нејзиниот регионален ривал Иран.
Напорите на неколку земји, меѓу кои и Кувајт, САД и Турција, за надминување на кризата досега не вродија со плод.
Откако Саудиска Арабија и ОАЕ ги затворија своите копнени граници кон Катар, во земјата се појави недостиг на храна и основни намирници, по што Турција и Иран почнаа да и доставуваат прехранбени продукти на државата.
Ново на Сител
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп
-
Дуда: Украина треба да се врати на преговори со Трамп
-
Почина Саша Поповиќ, основачот и директор на Гранд продукција
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица