-->
-->
Над 20.000 евакуирани при пожар на музички фестивал во Барселона
-->

Над 20.000 присутни на музучкиот фестивал „Тумороуленд Јунајт Спејн“ што се одржува во шпанскиот град Барселона, беа евакуирани синоќа, откако избувна пожар на главната сцена на манифестацијата.
Организаторот на фестивалот на својот профил на Фејсбук објави дека пожарот бил предизвикан од петарда што паднала на сцената и ја запалила целата конструкција на бината.
Инцидентот се случил неколку минути пред стартот на настапот на американскиот ди-џеј Стив Аоки.
Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот, при кој целосно изгорела конструкцијата на сцената.
Претставник на полицијата инфромира дека евакуацијата на присутните била спроведена мирно без предизвикување паника. Нема информации за повредени при инцидентот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
-

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки
-

Лазаров: Португалците се дојдени тука да се борат за медал
