Презентација на воена опрема во Скопје дел од вежбата „DragoonGuardian 17“
Во рамки на воената вежба „DragoonGuardian 17“, што почна вчера во земјава, денеска во Скопје ќе биде организирана презентација на опремата на АРМ и на Армијата на САД во Европа.
Покрај презентацијата на опремата, граѓаните ќе имаат можност да проследат кратка обука за самоодбрана, а воедно ќе биде одржан и натпревар за најмладите.
На презентацијата ќе присуствува заменик министерот за одбрана, Беким Максути и командантот на Полкот за специјални операции, бригадниот генерал, Орце Јордев.
Вежбата е наменета за поддршка на целите за обука за зајакнување на стандардните оперативни процедури на инженерските и АБХО единиците од составот на АРМ, како и унапредување на заемното разбирање меѓу АРМ и ВС на САД.
Во вежбата учествуваат 300 припадници на Вооружените сили на САД кои вчера со борбени возила влегоа на граничниот премин „Деве Баир“ од Бугарија во Македонија.
Вежбата официјално ќе се одвива на армискиот полигон „Криволак“, а вчера беше презентирана опремата во Куманово.
Ново на Сител
-
Мицкоски не очекува до локалните избори да има какви било интервенции во Владата
-
Сопружници и нивните две деца загинале во сообраќајка во БиХ
-
Мукаетов: Нашите ракометари се вистински пример како треба сите да се бориме за Македонија
-
Митев: Знаевме дека мораме да го победиме Катар, ќе пробаме да ја изненадиме Франција
-
Порака на Трамп до светските лидери во Давос: Направете ги вашите производи во Америка или плаќајте царини
-
Лазаров по триумфот над Катар: Верувам во оваа репрезентација
-
Ирак сo закон за амнестија може да ослободи до 30.000 осудени лица, па и оние за напади врз американските војници
-
Македонија со пет гола разлика го победи Катар - втора победа за нашата репрезентација