Притвор за лицето што пукаше на семејна веселба во Липково
Судот му определи триесетдневен притвор на лицето кое завчера пукаше на семејна веселба во Липково, откако Обвинителството од Куманово доставило предлог до Основниот суд Куманово за определување на мерката притвор, соопштија денеска од обвинителството.
Во соопштението се наведува дека осомничениот на 25 јули во 22.45 минути, додека присуствувал на свадбена веселба, извадил од појас пиштол марка „СМИТ И ВЕСОН“ и со умисла испукал еден куршум со кој го погодил сега починатиот Б.Х., државјанин на Република Германија.
Основното јавно обвинителство Куманово донело наредба за спроведување на истражна постапка против осомничениот за сторени две кривични дела и тоа убиство од член 123 став 1 и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачи материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.
- Надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските основи, па до Основниот суд Куманово достави предлог за определување на мерката притвор за осомничениот. Предлогот беше прифатен од страна на судот, кој со решение на осомничениот му определи притвор во времетраење од триесет дена, се наведува во соопштението од обвинителството.
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
