Изложба на фотографии „Пристапност“ во Струга

Амбасадата на Шведска во Македонија вечер во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга организира изложба на фотографии, говор и панел на тема „Пристапност“.
Изложбата „Пристапност“ (AccessAbility)
Единаесет силни личности од Македонија се прикажани низ објективот на фотографот Томислав Георгиев, со нивните животни приказни, општествениот ангажман и сопствениот дух. Тие се гласноговорниците на денешницата во Македонија, но и на онаа реалност која допрва треба да се воспостави и кон која полека се чекори.
Шведскиот дел од изложбата е базиран на 14 лични приказни портретирани од фотографот Маркус Марчетиќ и исполнети со соништа, надеж, тага, радост и љубов, семејство, работа и секојдневие. Автори на текстовите кои се составен дел од изложбата се Рикард Лагерберг за шведскиот, како и Небојша Илијевски за македонскиот дел. Текстовите ќе бидат прикажани на македонски и на албански јазик.
По отварањето на изложбата, Александар Матовски Цако, еден од борците за човекови права и правата на лицата со Даунов синдром, како и еден од моделите на изложбата, ќе ја раскаже неговата перспектива за секојдневните предизвици на лицата со попреченост.
По неговиот говор, на панелот организиран во соработка со Агенцијата Холистик, Игор Шајноски и Анита Гаговска Шутиноска од Центарот „Порака Нова“ ќе зборуваат за пристапноста како нешто многу повеќе од обезбедување услови во нашето физичко опкружување. Ќе се разговара за пристапност на лицата со попреченост до нивните загарантирани права и за пристапност до свесноста на граѓанинот за секојдневните предизвици со кои овие лица се среќаваат во опкружувањето кое го делиме.
По 21 часот ќе биде прикажан и шведскиот филм „Како да ги врзам врвките“ во режија на Лена Копел, кој се базира на вистинитата приказна за театарската трупа „Среќен Худик“.
Ново на Сител
-

Вимблдон: Ѓоковиќ казнет поради недолично однесување
-

78-годишна жена пронајдена мртва во својот дом во Кисела Вода
-

Пронајден машки труп во река Пчиња кај Катлановска Бања
-

59-годишник во продавница допирал по тело 31-годишна жена
-

Приведено едно лице поради напад на полицаец кај Градски стадион во Скопје
-

Мицотакис: Грција се соочува со закана за војна од Турција
-

Трамп: Меморандумот за разбирање со Иран за крај на војната е завршен
-

УХМР: Утре ќе биде променливо облачно, на места со пороен дожд и грмежи во попладневните часови
