Прибе препорачува да не се повторат грешките од минатото
Новата влада не смее да ги повтори грешките од претходните влади и да работи на целосна имплементација на итните реформски приоритети. Ова е главната првична порака од експертстката група на Рејнхард Прибе по неколкудневното скенирање на состојбите во правосудството, медиумите, следењето на комуникациите. Пораката стигна преку писмена изјава од Европската комисија.
Конкретните предлози што треба да направи македонската влада за да ги задоволи барањата на Европската комисија ќе следат до крајот на месецот. Петте експерти на Прибе од 17 до 21 јули престојуваа во државата за да видат дали има напредок во решавањето на нивните претходни наоди во повеќе области поврзани со владеењето на правото.
„Главно, експертската група, две години по првиот извештај, забележа дека напредокот во спроведувањето на огромниот број на препораки е многу слаб. Ова треба да биде причина за сериозна загриженост. Потребата за решавање на овие препораки е итна.
Во решавањето на овие прашања многу битно ќе биде да не се повторуваат грешките на минатите влади. Голем дел од регулаторната рамка е веќе воспоставена, меѓутоа јазот меѓу законодавството и практиката треба да биде премостен“, пишува во писмената изјава од Брисел.
Групата се сретна со министри и државни службеници, со претставници на судовите и обвинителствата, со независни и регулаторни тела, медиуми, со граѓанското општество, како и со претставници на владини и опозициски партии и соодветни парламентарни комисии. Тие разговараа за четири прашања:
- Како да се обезбеди почитување на независноста, потоа соодветна одговорност и ефективност на судството и обвинителството
- Како да се подобри системот за следење и надзор
- Како да се обезбеди независност на регулаторните и надзорните тела во заштитата на човековите права и во борбата против борбата корупцијата
- Како медиумите да донесат точна информација во барањето на одговорност од владата и како граѓанскиот сектор да ја оствари својата улога
Најмногу време експертите посветиле на правосудството. Тие, како што стои во писмената изјава, констатирале дека е важен е принципот на транспорентност, потоа реформи во системот на дисциплинирање и разрешување на судиите и обвинителите, како и да се обезбеди неполитизирана и независна распределба на предметите.
Во делот со следењето на киомуникациите, екпертите на Прибе бараат строга, судска и независна контрола на капацитетите за пресретнување на комуникациите.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
