Свет
27. September 2015 - 17:43

Околу 500 лица спасени во Средоземното Море во последните 24 часа

Околу 500 лица беа спасени во седум спасувачки операции, започнати во Средоземното Море во изминатите 24 часа, од кои четири веќе завршиле.

- Саботниот ден беше генерално мирен, но сега има повеќе раздвижување. Имаше интервенција на брод на „Лекари без граници“, на две единици на крајбрежната стража, на брод на италијанските военовоздухопловни сили и на брод на EUNAVFOR MED", соопшти италијански претставник.

Операцијата за борба против шверцот на мигранти почна во јуни и вклучува четири бродови, вклучувајќи и италијански носач на авиони, четири авиони и 1.318 војници од 22 европски земји.