Скопје и Демир Капија најтопли со 38 степени

Скопје и Демир Капија денеска се најтопли градови во Македонија со измерени 38 Целзиусови степени. Следуваат Штип и Тетово со 37, Гевгелија и Виница со 36, Струмица и прилеп со 35, Крива Паланка, Битола со 34, Охрид со 33, а најсвежо е во Берово и Маврово сп 32 однопсно 29 степени, соопшти Управата за хидрометаоролошки работи.
До крајот на денов ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Во планинските подрачја ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, а УВ индексот ќе биде 9.
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во северната половина од земјата ќе има локална нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се движи мод од 11 до 20, а максималната од 31 до 39 степени.
Во Скопје сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност, и температура до 38 степени.
До вторник подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Дневната температура ќе биде во благ пораст и во голем дел од земјава ќе надминува 35° С, а на југоистокот ќе достигне до 40° С. УВ индексот ќе има многу висока вредност 9. Утре и во понеделник не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи, пред се во планинските подрачја. Од вторник се очекува промена на временската состојба, кога во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во северните делови. Дневната температура, почнувајќи од запад ќе биде во опѓање, кое ќе продолжи и во наредните два дена.
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
