-->
-->
Шише „Пенфолд гранж“ на аукција во Австралија продадено за над 35.000 евра
-->
Шише исклучително ретко вино на познатата австралиска винарија „Пенфолдс“, е продадено за 51.750 австралиски долари (35.158 евра).
Веста ја објави локалната аукциска куќа „MW Wines", која наведува дека оваа цена може да претставува рекорд кога е во прашање цена на поединечно шише вино, пренесе Хина.
Станува збор за виното „Пенфолдс гранж“ од 1951 година, од првата берба на ова црно вино од збирката што се темели на шираз, од која се останати помалку од дваесетина шишиња.
-Многу ретко се постигнува ваква цена, но ова шише е дел од историјата на австралиското вино. Мислиме дека тоа е едно од најскапо продадените вина во Австралија, изјави Ник Стамфорд, сиопственикот на "MW Wines", не откривајќи го името на купувачот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци