Оставка на портпаролот на адвокатскиот тим на Доналд Трамп
Портпаролот на личниот адвокатски тим на американакиот претседател Доналд Трамп, поднел оставка на функцијата, јавуваат медиумите во САД.
Марк Корало беше портпарол на тимот што го предводи адвокатот Марк Касовиц кој го застапув и го брани Трамп во истрагата за сомневањето дека Русија се мешала во минатогодишните претседателски избори.
Американските медиуми тврдат дека Корало не се согласувал со стратегијата на адвокатите на Трамп, одбраната да се насочи кон дискредитирање на екипата која раководи со истрагата.
Корало се опишува како човек кој е близок со специјалнит истражител во оваа истрага, Роберт Мулер кого за оваа работа го ангажираше американското Министерство за правда. За Корало се вели дека досега, тој на неколкупати јавно го бранел Мулер и ја подржувал неговата работа.
Истражната работа на Мулер кој е поранешен директор на ФБИ е проширена и на тоа дали имало било какви тајни договарања меѓу тимот на Трам кој ја водеше неговата кампања и руските функцинери со кои тие се среќавале.
Засега нема никаква реакција од личниот адвокатски тим на Трамп, на оставката на нивниот портпарол Корало.
Ново на Сител
-
2.508 сообраќајни прекршоци во текот на продолжениот викенд
-
Фон дер Лајен: Ииаме се што ни е треба за да ги заштитиме нашите луѓе и просперитет
-
Москва: Не веруваме дека САД ќе го напуштат НАТО
-
Над 340.000 пензионери од денеска ќе добиваат повисоки пензии за 2500 денари
-
За седум дена санкционирани 116 непрописно паркирани виозила на територија на општина Центар
-
Шекеринска - Соренсен: Континуираната соработка меѓу НАТО и ЕУ е клучна за стабилноста на Западен Балкан
-
Објавен Конкурсот за упис во средните училишта за учебната 2025/2026 година
-
Трамп ја спореди пресудата на Ле Пен со своите судски процеси