Балкан
21. July 2017 - 9:46

Грција разорена по катастрофалниот земјотрес: Страотни сцени од популарните летувалишта

Најмалку две лица загинаа на островот Кос во земјотрес чиј епицентар беше во Егејското море.

Според наводите на медиумите над 100 се повредени.

Според фотографиите од местото може да се види дека е причинета голема материјална штета.

Голем број туристи ноќта ја поминаа на отворено.

Улиците и кафулињата во одредени делови од градот се целосно уништени.

Грчките власти испратија хеликоптери за да може повредените да ги префрлат на поголемиот грчки остров Родос за да им се пружи лекарска помош.