Косовската полиција подготвена да апси по барање на Специјалниот суд

Претседателката на Специјалниот суд Екатерина Трендафилова изјави дека апсењето на обвинетите нема да го врши ЕУЛЕКС, туку косовската полиција.
Тоа, додаде таа, е регулирано со закон, но доколку е неопходно Специјалниот суд може да побара и меѓународна соработка.
- Како што е предвидено со закон, ние можеме да се потпреме на косовската полиција, како и на кој било суд во Косово. Исто така, специјалното обвинителство може да ги спроведе наредбите и преку полициските сили во неговата канцеларија. Секоја наредба и одлука на Судот, која вклучува претреси, запленувања и апсења на осомничени на територијата на Косово, треба да се спроведува. Тоа го налага законот. Исто така, ако тоа е потребно, ние може да побараме меѓународна соработка, посочи Трендафилова.
Од полицијата, за приштинскиот весник „Експрес“ потврдиле дека се подготвени да почнат со апсење на лицата кои се обвинети од Специјалниот суд „секогаш кога од нив тоа ќе биде побарано“.
- Полицијата на Косово е главна институција за спроведување на законот. Обврските и овластувањата на полицијата се јасно одредени со закон и Уставот на Република Косово, изјави Даут Хоџа, портпарол на косовската полиција.
Според него полицијата има добра соработка со домашните меѓународните институции, па затоа нема друга алтернатива освен безбедност и спроведување на законот.
Ново на Сител
-

Фудбалерките на ЖФК Скопје 2014 ја освоија титулата во македонското првенство
-

Лазаревски: Наша обврска е да го дадеме максимумот
-

Прва пресуда за злоупотребите на ИПАРД – 10 месеци затвор за обвинетата што призна вина
-

Реал до крајот на сезоната без повредениот Менди
-

Мицкоски: Историски најниска невработеност и над 15.000 нови работни места во последната година
-

Притвор за лице од тетовско, му пронашле торба со марихуана
-

Гаши: Македонскиот јазик претставува еден од столбовите врз кои се гради нашата заедничка држава
-

Мицкоски: Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жив сведок на вековната историја и најсилен израз на нашата културна и национална посебност
