Апелација ќе решава за жалбите за „Титаник“
Апелацискиот суд денеска ќе продолжи со разгледување на жалбите за мерките за претпазливост изречени од Кривичниот суд во предметот „Титаник“ на СЈО за изборни нерегуралности.
Според најавите, на денешните седници во Судот ќе се разгледуваат жалбите на СЈО и на обвинетите во „Титаник“, меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешните министри за транспорт и врски Мили Јанакиески, за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот шеф на премиерскиот кабинет Мартин Протоѓер и поранешниот генерален секретар на владата Кирил Божиновски.
Седниците се закажани откако СЈО за случајот „Титаник" се жалеше на одлуката на Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 со која на обвинетите место притвор, им беа определени мерки на претпазливост. Жалби на одлуката на првостепениот суд поднесе и одбраната на обвинетите. Судот има рок од 48 часа да донесе одлука.
Содот досега ги одби сите поднесени жалби на решенијата на Кривичниот суд во врска со предметите на СЈО.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка