Крстичевиќ: Цврсто стојам зад оставката
Потпретседателот на хрватската Влада и министер за одбрана Дамир Крстичевиќ изјави за „Јутарњи лист“ дека „цврсто стои зад оставката“ и оти „не дозволува некој да зборува против војската која сјајно ја завршила својата работа“ во акциите за гаснењето на пожарот во Хрватска.
Весникот тврди дека Крстичевиќ бил на ручек со хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.
- Јас останувам при одлуката за оставка од позицијата министер за одбрана. Имам воена чест и не дозволувам некој да зборува против војската што сјајно го заврши својот дел од работата на одбраната на Далмација од шумските пожари. Војниците го напраија токму она што беше побарано од нив и поради што беа повикани, нагласи Крстичевиќ.
Хина синоќа јави дека, Крстичевиќ поднел оставка, откако Китаровиќ изјави дека војската требала порано да излезе и да им помогне на пожарникарите во гаснењето на пожарот.
Крстичевиќ одржа прес-конференција, каде некажа јасно дали поднел оставка, туку само наведе дека останува на таа позиција се додека не биде разрешен од страна на хрватскиот Сабор.
Тој во вторникот за „Јутарњи лист“ изјави дека поднел оставка откако Китаровиќ изразила сомнеж за навременото ангажирање на вооружените сили во гаснењето на пожарот во земјата.
Неговата оставка се уште е официјално потврдена, а хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ нагласи дека не ја прифаќа.
Хрватската претседателка нагласи дека очекува Крстичевиќ да ја повлече оставката.
Ново на Сител
-
Собранието за утре закажа седница на Комисијата за изборите и именувањата
-
Николовски: Компресорската станица работи без прекин, клиниките можат да кажат зошто не работат хируршките сали
-
Најмногу слободни работни места во секторот Административни и помошни услужни дејности
-
Мицевски очекува да има двотретинско мнозинство за законските измени за реорганизација на министерствата
-
ГИК: СНС во Белград освои 52 отсо гласови, според ЦЕСИД и ИПСОС во Ниш го нема мнозинството
-
ЈП Комунална хигиена –Скопје за еден месец подигна 1800 кубни метри смет од диви депонии
-
Во 2023 година намален бројот на склучени, а зголемен на разведени бракови
-
Горивата поевтинуваат за половина денар по литар