Нормализирано наводнувањето од ХС „Брегалница“ во Светиниколско

Акционерското друштво „Водостопанство“ на Македонија, подружница „Брегалница“ Кочани ги надмина проблемите со дистрибуцијата на вода за наводнување на територијата на овчеполскиот регион.
За наводнување на околу 3.300 хектари земјоделски површини по десниот магистрален канал потребно е да се дистрибуираат од 3,5 до 4 метри кубни во секунда вода за наводнување. Подружницата „Брегалница“ дистрибуира до 6,5 метри кубни во секунда вода за наводнување за водокорисниците од овчеполскиот регион.
- Состојбата со испораката на вода за наводнување во овчеполскиот регион е нормализирана. Планот за испорака на вода за наводнување со денови и датуми по населени места и главни зафати се остварува целосно. Водата сега стигнува и до Ерџелија и Каратманово. За полињата во овој дел на Источна Македонија се испорачуваат од 3,5 до 6,5 метри кубни вода во секунда, со што во целост се задоволени побарувањата на земјоделците од вода за наводнување, изјави Николчо Гоцев, директор на Водостопанство „Брегалница“ од Кочани.
Според Гоцев во акумулацијата Калиманци има доволни количини вода за успешно завршување на наводнителаната сезона. Како интервентни количини на располагање се и акумулираните количини на вода во езерото Градче крај Кочани.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Филипче е исплашен од исказите на Груби, многу луѓе се загрижени во овој момент
-

Мицкоски: Работиме на случаите со илегална дрога, ќе ја исчистиме државата од политичките криминалци
-

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни
-

Муцунски: Мораме да најдеме решение на предизвикот со Бугарија, но во рамки на нашите принципиелни позиции
-

Брза интервенција на ДПД-Пехчево спречи поголем пожар кај село Црник
-

Радман: Северна Македонија е подготвена и заслужува членство во ЕУ многу брзо
-

Јаневска: Крајно време е универзитетите и општеството да склучат договор дека ќе работат во полза на младите луѓе кои ќе останат да ја развиваат оваа држава
-

Фонд на ПИОМ: Управниот одбор ја усвои Завршната сметка на Фондот за 2025 година
