Балкан
18. July 2017 - 20:24

Албанската армија исчисти од опасна муниција над 50 илјади квадратни метри земјиште

Министерството за одбрана на Албанија соопшти дека армијата исчистила над 50 илјади квадратни метри земјиште од опасна муниција.

Земјиштето е исчистено од гранати, бомби и друга муниција.

Министерот за одбрана Мими Кодели изјави дека армијата ќе исчисти четири други такви зони до крајот на 2018 година. 

Повеќе од сто илјади мали оружја и илјада тони муниција беа уништени од армијата на Албанија, која откако стана членка на НАТО во 2009 година и ги замени старите автомати Калашников со оружје според стандарите на Алијансата.