Јавна расправа за изградба на регионална депонија во Вардарски регион
Во општина Велес се одржа јавна расправа за изградба на регионална депонија во Вардарски регион, во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање и Секторот за животна средина.
Орце Николов од службата за информирање на општина Велес информира дека на јавната расправа била претставена студијата за оцена на влијанието врз животната средина за интегриран систем за управување со цврст отпад во Вардарскиот регион, која била подготвена во рамки на проектот „Подготовка на потребни документи за воспоставување интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад“.
- Целта на јавната расправа беше да се отвори конструктивна дискусија за влијанијата на интегрираниот систем за управување со отпад врз животната средина. Граѓаните имаа можност да поставуваат прашања и да добијат стручни одговори од страна на експертите, а исто така и да дознаат повеќе за предностите кои ги носи воспоставувањето на ваков вид системи за управување со отпад, рече Николов.
Тој појасни дека со проектот кој, како што рече, се спроведува во четири плански региони, се очекува да се постигне интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагонискиот, Југозападниот, Вардарскиот и Скопскиот регион и да се подобри животниот стандард на приближно еден милион и 200 илјади жители кои годишно произведуваат 330 илјади тони отпад.
Ново на Сител
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество
-
Канцеларија за Косово на Србија: На Петковиќ му е забранет влез во Косово за Велигден
-
Земјотрес од 5,9 степени според Рихтер ги погоди Филипините
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје