Македонија
11. July 2017 - 13:52

Конференција за правната подготвеност за инспекциите во НВО

 Потребно е прецизирање на Законот за персонален данок на доход, односно регулирање на обврските на граѓанските организации во однос на одданочувањето и даночните ослободување, кој се разликува од јавниот сектор и стопанските субјекти.

Ова денеска беше констатирано на  тркалезната маса насловена „Како до законска регулатива која ќе ги заштити граѓанските организации од арбитрарни инспекции и контроли во областа на даночното и финансиско работењего“, иницирана од неодамнешните инспекциски контроли врз 20-тина невладини организации. Конференцијата е организирана од Макдонското здружение на млади правници, Институтот за човекови права и Коалицијата Сите за правично судење.

Гоце Коцевски од Македонското здружение за млади правници рече дека покрај инспекциите за финансиското работење на невладините организации, од страна на повеќе политичари се вршел и јавен притисок за нивен прогон.

- При спроведувањето на инспекциите кон невладините организации коинцидираше со голем јавен притисок од страна на водечки политичари кон овие организации и резултираше со петмесечни даночни контроли, истакна Коцевски.

Потенцира дека според повеќето граѓански организации, меѓународни извештаи и Народниот правобранител се констатирало дека се работи за одредена селективност на вршење инспекции токму кон овие организации и во однос на времето кога е тоа извршено.

На настанот беше презентирана и предлог иницијативата до Уставниот суд на РМ со која се оспорува членот 5 став 2 од Законот за персонален данок на доход со која, како што велат организаторите, на нејасен и непрецизен начин се воспоставува обврска за плаќање на персонален данок на доход и за приходите остварени со натура или на некој друг начин. 

Ново на Сител