Собранието расправа за општите акти на Народниот правобранител

Во второто продолжение на шестата седница на Собранието на РМ пратениците расправаа по четвртата точка на дневен ред за предлогот на одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител.
Омбудсманот Иџет Мемети во четвртокот образложи дека новиот Закон за Народниот правобранител не ги оствари во целост потребите за финансиска независност на оваа инситуцијата, ниту во него беа вградени препораките на Прибе. Според него во Извештајот на Прибе имало неколку клучни препораки што ќе овозможат подобрување на работата на институцијата Народен правобранител. Една од клучните препораки било воведување казни за тие што ја попречуваат работата на народниот правобранител, но и формирање ад хок анкетни комисии за предмети и случаи што би ги покренувала оваа институција.
Мемети во своето излагање потенцираше дека Македонија се уште од формално-правен аспект нема создадено услови да има национална институција Народен правобранител која ќе работи со полн капацитет за промоција и заштита на човековите слободи и права.
На денешната дискусија пратениците од опозицијата поставија повеќе прашања меѓу кои и за потреба од нови вработувања во институцијата Народен правобранител. Опозицијата забележа дека Народниот правобранител не се произнесол за неговото делување и ја истакнаа потребата за доуредување на законската регулатива за јакнење на улогата на Омбудсманот.
Мемети појасни дека со новата систематизација и организација, односно со предложените општи акти ќе му се овозможи целосна независност од извршната власт.
На прашање од Нада Ципушева од ВМРО ДПМНЕ зошто Народниот правобранител во актите за ситематизација на работните места бара 35 советници кога сега има 20, Мемети рече затоа што има мандат да преванира од тортура, а во моментов националениот превентивен механизам не функционира затоа што нема вработени веќе две години.
- Зедов млади правници и хонорарно кои ги плаќам со донации, за Македонија да докаже дека има таков механизам, истакна Мемети.
Претходно, Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ сугерираше да се води сметка во закажувањето на седниците како на комисиите така и на пленарната со цел, како што рече, да можат да присуствуваат и оние пратеници кои се на комисија и на пленарна седница или обратно.
Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека по Деловникот само кога има Комисија за буџет, пленумот не може да расправа, додека за другите комисии самите претседатели можат да си го поместуваат времето за одржување на седница.
Собраниската седница ќе продолжи по паузата во 15 часот.
Ново на Сител
-

Министерство за правда: Постапката за екстрадиција на Груевски продолжува
-

Приведени две лица во тетовско по пријава за сексуално насилство врз малолетничка
-

Кривична пријава за узурпација на државно земјиште во Крива Паланка
-

Уапсени девет возачи изминатото деноноќие, возеле пијани и без возачка дозвола
-

Мицкоски за предлогот на Мерц: Љубопитни сме да дознаеме повеќе на претстојниот Самит во Тиват
-

Уапсени четири државјани на Албанија поради незаконит риболов во Преспанското Езеро
-

Костадиновски: Нервозата кај политиката покажува дека Судот си ја врши работата
-

Намален бројот на невработени лица
