ВМРО-ДПМНЕ: Со предложениот ребаланс, СДСМ докажа дека нема визија
Со предложениот ребаланс на Буџетот, Владата на СДСМ уште еднаш покажа дека нема визија и дека е антиреформска, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.

- СДС и Заев единствено што знаат и умеат е деструкција, криза и евтин политички популизам од кои немаат полза ниту државата, ниту граѓаните, рече Анета Димовска на прес-конференција.
Според неа, Зоран Заев вчера, со предложениот ребаланс, го намали, наместо да го зголеми проектираниот раст на ниво на она што беше ветување.
- Најавуваше зголемување на капиталните инвестиции, а со предложениот ребаланс ги скрати за три милијарди денари што се цели 50 милиони евра помалку од проекциите кои ги имаше владата на ВМРО-ДПМНЕ. Сето ова е резултат на немањето визија, но и на тенденциозното блокирање на сите проекти почнати од владата на ВМРО-ДПМНЕ, од автопати и водоводи до изградбата на Клиничкиот центар, истакна Димовска.
Дополни и дека СДСМ ветуваше раст на економијата од 5 до 7 отсто годишно.
- СДС и Зоран Заев ветуваа дека имале решенија и проекти како да ги постигнат овие стапки на раст потценувајќи го привлекувањето странски инвестиции и други проекти што отворија стотици илјади работни места и во исто време овозможија проектиран раст за 2017-та година од три отсто, посочи Димовска, додавајќи дека незадоволството на земјоделците е пред кулминација, трагично изгледаат проекциите за реалоцирање 500.000 евра за локални и селски патишта, а нема оправдување и за обидот да се намалат проекциите на очекуваните приходи во буџетот.
Таа предупреди дека зголемувањето на даноците и воведувањето прогресивна стапка на данок ќе ја зголеми даночната евазија, ќе ја стимулира сивата економија и ќе премисли многу инвеститори од земјата и странство кои решиле да инвестираат во Македонија, да ги однесат своите инвестиции во други држави.
- СДС треба да се фатат за работа, бидејќи од нивните манипулации и од нивното креирање хаос никој нема полза. ВМРО-ДПМНЕ сериозно и детално ќе го анализира предложениот ребаланс и во собраниска процедура ќе предложи амандмани кои се од полза на граѓаните, порача Димовска.
Ново на Сител
-

Мирослав Попоски патува на 30-то големо натпреварување да ја бодри Македонија | ВИДЕО
-

Велешката полиција фати крадец на пари и златни предмети кои ги заложил
-

Лидерска средба утре во Клубот на пратениците за реформските закони и за укинување на техничката влада
-

17 години затвор за убиецот на турскиот државјанин во Штип
-

Судиите на 29 јануари ќе избираат член на Судскиот совет од редот на судиите од немнозинските заедници
-

Алгел: Вевчанскиот карневал уникатен и со традиција
-

80-годишен дедо фатен со 16 пакетчиња кокаин во Сплит, на полицајците рекол „Тоа е за здравје, се препородив“
-

Ножот се скршил, зел ножици па откако и тие се свиткале зел друг нож, детали за убиството во Богданци
