Шокантна глетка од кокпитот: Невеста сакаше на свадба да дојде со хеликоптер, но се случи страшна трагедија
Трагичната снимка прикажува што се се случувало во кокпитот на хеликоптерот во која се наоѓаше невеста која тргна на својата венчавка.
За жал, младата Бразилка Росемере д Насименто Силва загина заедно со својот брат, пилотот и фотографката која била во шестиот месец од бременоста.
Младоженецот Удирли Дамасено ја чекал Росемере пред олтарот кога хеликоптерот наеднаш се урнал, на околу километар оддалеченост од местото на венчавката.
Момчето и 300 гости воопшто не знаеле дека Росемере планирала на вакво спектакуларен начин да дојде на венчавката.
Полицијата се обидува да ја утврди точната причина за несреќата, но се наведува дека видливоста е слаба и дека било многу облачно со дожд. Се претпоставува дека поради слабата видливост удриле во дрво.
Кога еден од организаторите на венчавката сфатил дека хеликоптерот уште го нема, почнал да се грижи и на крајот го нашле урнатото летало. На несреќниот младоженец свептеник му ја соопшти трагичната вест.
Пожарникарите брзо стигнале на местото на несреќата но не можеле да ги спасат патниците.
Ново на Сител
-
АХВ: Вонредни 165 надзори во магацини и ладилници за храна, утврдени недоследности кај 41 оператор
-
Јанц: И реваншот против Македонците ќе биде предизвик
-
Макрон ја повика Русија да го прифати примирјето
-
Стармер: Путин не е сериозен во врска со мирот
-
„Еурактив“: Српската бавна револуција
-
Нејмар: Се чинеше дека моето враќање е блиску, но нема да можам да го носам дресот на Бразил
-
Хрватскиот премиер Пленковиќ опериран поради срцева аритмија
-
Норис најбрз на квалификациите за Големата награда на Австралија