ЕУ и Јапонија постигнаа договор за слободна трговија
Европската Унија и Јапонија денеска во Брисел формално се договорија за главните точки од спогодбата за слободна трговија, соопштија официјални претставници на ЕУ.
Спогодбата го отвора патот за трговија со стоки без царински бариери меѓу двете големите светски економски сили.
Нацрт спогодбата е потпишана во Брисел по средбата меѓу јапонскиот премиер Шинѕо Абе и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер во пресерт на самитот на групата 20 најголеми економски сили во Хамбург.
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека оваа спогодба ја покажува посветеноста на Европската Унија за светската трговија.
- Успеавме. Ги завршивме политичките и трговските преговори меѓу ЕУ и Јапонија. ЕУ е се повеќе глобално ангажирана, рече Туск.
Тој при тоа им префрли на некои британски политичари кои и натаму одлуката за Брегзит ја објаснуваат со „затвореноста“ на ЕУ и одбивањето да се прифати слободната трговија, порачувајќи дека договорот со Јапонија ги прави неточни сите вакви обвинувања.
Меѓутоа, како што јави Би-Би-Си, ќе треба да помине уште извесно време пред целосното активирање на договорот, затоа што остануваат за доработување уште некои „специфични детали„ кои засега не се споменуваат.
Двата најважни извозни сектори, за кои и најмногу се преговараше, се извозот на јапонски автомобили во земјите на ЕУ и извезувањето на прехранбени производи и храна од европскте земји во Јапонија.
Јапонија е третата најсилна економија во светот, како земја со над 127 милиони жители. Таа е седмиот најголем извозен пазар на ЕУ.
Договорот со ЕУ е значаен за Јапонија, затоа што доаѓа по пропаѓањето на Транспацифичкото партнерство, откако САД во јануари година се повлекоа од договорот, веднаш по влегувањето на Доналд Трамп во Белата куќа.
Ново на Сител
-
Директорот Бурим Љатифи го пушти во работа новиот трансформатор во ТС Битола 2: Клучен чекор за енергетска стабилност
-
Трудо поднесе оставка како лидер на партијата, но ќе остане премиер додека партијата не избере негов наследник
-
Откажани 1.339 летови низ САД поради невремето кое донесе обилен снег
-
ЗНМ: Запалено возило на новинарка
-
Сиљановска-Давкова: Божиќ е симбол на животот, љубовта, почитта и солидарноста
-
Опожарени четири автомобили во пожар во автосервис во Сарај
-
Малолетник завршил со повреди, откако со другар влегле во двор во скопско Студеничани и одврзале куче кое ги нападнало
-
Честитка од Минчев по повод Бадник: Солидарноста и поддршката се темел на нашето општество