Турција на воените аташеа во странство им наредила да ги шпионираат пребеганите офицери од превратот

Турција на своите воени аташеа во странство и на офицерите на служба во НАТО им наредила да ги шпионираат воените офицери кои побегнаа од земјата по обидот за преврат, јави Спутник Туркие.
Според информации на „Зиддојче цајтунг“, „Вестдојчер рундфунк“ и „Норддојчер рундфунк“, Турција систематски ги следи побегнатите припадници на војската по неуспешниот обид за преврат, што беше извршен на 15 јули минатата година.
Анкара сака да дознае каде живеат војниците кои се побегнати, дали поднеле барања за азил и дали оствариле контакти со западните медиуми или влади.
Наредбите биле издадени на 9 јуни и им биле предадени на стотици Турци надвор од границите на земјата.
По обидот за преврат од 15 јули од Турција во европските земји побегнаа голем број членови на армијата и дипломати, а најмногу во Германија.
Многу воени офицери токму во Германија побараа и азил.
Тврдењата за шпионажа веќе долго време создаваат тензии меѓу Анкара и Берлин.
Ново на Сител
-

Андоновски: Реална дигитализација - граѓаните ќе ги добијат услугите брзо, едноставно и електронски
-

Санчез: Евентуална американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата“
-

Тракторист починал на лице место откако паднал во речно корито
-

Лишени од слобода две лица од Марена, во „мерцедес“ носеле огревни дрва без документи
-

Уапсен гостиварчанец, возел со 3,05 промили алкохол во крвта
-

На Инфективна починал 69-годишен пациент поради компликации од грип
-

Во Србија разгледуваат скратување на училишниот час на 30 минути поради намалено внимание на децата
-

Холандија предупредува: Царините на Трамп за Гренланд би можеле да го распаднат НАТО
