Куба дозволи отворање „хотели за љубов“

Властите на Хавана соопштија дека одново ќе се дозволи постоењето на мрежа од хотели, во кои собите ќе се издаваат на еден или неколку часови.
Ваквите хотели кои Кубанците ги нарекуваат „посадес“ ќе бидат во државна сопственост.
Тие постоеја до 90-те години на 20-от век, кога беа затворени во време на големата економска криза предизвикана од катастрофалниот ураган што ја погоди Куба.
Во „посадес“ беа сместувани бездомниците, чии станови и куќи беа разурнати од ураганот.
Во меѓу време во Хавана и во делови од Куба постоеја приватни „посадес“, каде една соба за тричасовно изнајмување чини пет американски долари.
Собите во овие хотели имаат клима уред, фрижидер и удобен кревет, но цената иако е мала според меѓународните стандарди, за Кубанците претставувала голем трошок, затоа што претставува една шестина од просечната кубанска плата од 30 долари.
Во Хавана е предвидено да се уредат пет „хотели за љубов“, кои ќе бидат поконформи од претходните. Тие ќе треба да им помогнат на луѓето, барем за кусо време, да се справат со хроничниот недостиг на станбен простор, кој трае изминатите половина век.
Многу кубански семејства живеат во заеднички станови, делејќи го просторот со други семејства или самци.
Весникот „Трабахадорес“ потсетува дека првите вакви хотели „посадес“ биле отворени во Хавана пред крајот на 19-от век.
Ново на Сител
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
-

Рама одбива да поднесе оставка, тврди дека зад протестите стојат надворешни сили
-

Франција: Над 1.800 уапсени и 500 повредени полицајци по вчерашните протести, Макрон вечерва ќе ѝ се обрати на нацијата
-

Сообраќајна контрола во Скопје: Осум возачи затекнати под дејство на алкохол
-

ФФМ: ВАР проверката потврди офсајд, поништен гол на Башкими против Силекс
-

ДИК: Излезноста во Брвеница до 13 часот е 20,50 отсто, споредено со првиот круг од изборите во 2025 излезноста поголема за 1,48 проценти
