-->
-->
Серија контролни натпревaри на младинска кошаркарска репрезентација
-->

Младинската кошаркарска репрезентавија на Македонија (играчи до 20 години) во претстојните шест дена ќе одигра четири контролни натпревари, по два со Белгија и Романија.
Овие натпревраи за избраниците на селекторот Мирко Петрески се дел од подготовките за настап во Б дивизијата на Европското првенство во Романија кое ќе се одржи од 14 до 23 јули во Орадеа, Романија.
Потсетување дека оваа селекција веќе одигра еден контролен меч пред седум дена кога го солвада составот на Косово со 82-72.
А, првиот во низата контролни натпревари кои претстојат, македонските младинци ќе го имаат попладнево од 18 часот против Белгија со која ќе играат и утре во истиот термин во малата сала на СЦ „Јане Сандански“.
Дуелите против Романија се закажани за 4 и 5 јуни (вторник и среда) во истиот термин.
Влезот за сите натпревари е слободен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Минатата недела санкционирани 114 непрописно паркирани возила во Центар
-

Дел од скопско Бардовци без вода
-

Еден загинат и тројца исчезнати во несреќа со мигранти на грчкиот остров Самос
-

Мобилен пронајден во келијата на газдата на „Пулс“
-

Мачките без влакна забранети во Холандија од 1 јануари
-

Лазаров: Промашивме пет пенали, така не може да се дојде до добар резултат
-

Од почетокот на декември 18.318 сообраќајни прекршоци, приведени 123 лица за безобзирно управување на возило
-

Последните месеци на Дејвид Боуви опишани во новата биографија
