Трогателно и жално: Татко лежи во гробот со својата смртно болна ќерка, за таа да не се плаши од тоа што е неминовно

Болеста на детето е нешто најстрашно што може да му се случи на некој родител, а а уште пострашно е кога ќе знаат дека детето ќе им умре. Очаен татко од руралниот дел на Кина ископал гроб за својата ќеркича за да ја подготви за нејзината смрт.
Занг Лијонг е фармер од провинцијата Сичуан кој ја потрошил целата своја заштеда за да може да ја лечи својата ќерка која е родена со тешка болест на крвта.
Занг Ксинлеи има само две години, а таткото секој ден ја води во нејзиниот гроб за да го запознае местото на кое ќе почива.
До сега потрошил повеќе од 11.490 фунти за нејзино лекување и не може повеќе да финансира. Тие секој ден одат на гробишта каде таа си игра во гробот за да се чувствува пријатно кога ќе и дојде време за починка.

Срцепарателното видео кое се појави на интернтет ги покажува нив двајца како заедно лежат во гробот. На малечката Ксинлеи и е дијагностицирана таласемија, наследна болест на крвта уште кгоа имала само 2 месеци.
Луѓето кои ја имаат оваа болест произведуваат малку или воопшто хемоглобин кои црвените крвни зрнца го користат за пренос на кислород низ целото тело.
Очајните родители се обиделе се, позајмувале пари од сите страни, но повеќе немаат од кого. Бидејќи останале без опции, решиле да се подготват за она што ги чека.
-Единствено што можев да смислам беше ова, да ја одведам да си игра на ова место. Ова е местото каде таа ќе почива во мир и единствено што можат да направам за неа е да и правам друштво секој ден, вели таткото низ солзи.
Ново на Сител
-

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово
-

Ангелов: Пожарот кај Макази најверојатно е подметнат, може да се прошири кон НП Пелистер
-

Андреј Смилевски со убедливи 3:0 избори финале на Светскиот куп во Будимпешта
-

Пепи Велков обезбеди финале, утре ќе се бори за злато против Украинецот Кобзиев
-

Уапсен 27-годишен тетовец, на жена и украл ташна со лични предмети на бензинска
-

Два гола на Халанд во триумфот на Сити над Кристал Палас
-

Ангелов: Бројот на пожари на отворен простор не стивнува, граѓаните да бидат исклучително внимателни
-

Турција инкасира над една милијарда долари од турските серии
