Македонија
27. јуни 2017 - 22:10

Влада: Кадровски промени во неколку институции

Владата на денешната седница разреши неколку директори на институции и на нивно место назначи нови.

Според соопштението од Владата, за нов директор на Службен весник е назначен Мартин Костовски, а разрешен е в.д. директорот Лука Кржалоски. Нов директор е именуван и на Државниот архив каде е назначен Кирил Петров на местото на досегашниот директор Филип Петровски.  За нов директор на Државниот завод за статистика е назначен Апостол Симовски, кој доаѓа на местото на разрешената директорка Лидија Костовска. 

Кадровски промени има и во Агенцијата за администрација каде за нов директор е именуван Спасе Глигоров на местото на разрешената директорка Жаклина Николовска.

На денешната владина седница разрешен од должноста портпарол на Владата е Александар Ѓоргиев.

Смени има и во Агенцијата за млади и спорт каде за нов вршител на должноста директор е именуван Дарко Каевски, а разрешен е досегашниот в.д. директор Марјан Спасески.