Група млади пратеници во првите редови на протестите во Венецуела
Група млади пратеници се во првите редови на насилните антивалдини протести во Венецуела, кои траат вече три месеци.
Еден од нив за време на протестите беше соборен со млаз од воден топ, другиот турнат во канал, додека поголемиот дел од нив беа испрскани со бибер спреј, со солзавец, а дел од нив беа претепани и погодени од куршуми.
Пратениците кои секојдневно се меѓу демонстранти на улиците на Венецуела ги поместуваат безбедносните граници, ги одземаат канистерите со солзавец и со нив фрлаат по полицијата и војската, а за голем број приврзаници на опозицијата тие се народни херои.
За социјалистичката Влада на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро тие се глацни терористи во државниот удар, поддржан од САД со цел да се оствари контрола над огромните нафтени богатства на земјата, членка на ОПЕК.
Десетината пратеници во доцните 20 или раните 30 години првенствено се членови на партијата Правда Прво и Народна волјам кои се залагаат за граѓанска непослушност кон Мадуро, кој го сметаат за диктатор.
Тие протестираат без заштитна опрема, за разлика од другите маскирани млади демонстранти, кои понекогаш формираат круг околу пратениците со цел да ги заштитат.
Тие не примаат плата откако се намалени фондовите на Народното собрание и живеат од помошта на пријателите и семејството, а некои од нив се уште живеат со своите родители.
Протестите во Венецуела најчесто се пропратени со судири меѓу демонстрантите и полицијата, при што досега загинаа 75 луѓе, над илјада се повредени, а повеќе од 3.000 лица се упасени.
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија