Затворениот кинески нобеловец ослободен поради „неизлечива болест“

Кинескиот нобеловец Лиу Ксиаобо (61) е ослободен од затвор, откако лекарите утврдиле дека е болен од рак на црниот дроб, објави хонгконшкиот весник „Саут Чајна Морнинг Пост“ повикувајќи се на изјава на братот на уапсениот.
Според изјавата на братот, заболениот нобеловец, веднаш по ослободувањето, бил префрлен на болничко лекување.
Лиу е добитник на Нобеловата награда за мир, за својата долгогодишна кампања за човековите права.
Во 2009 година тој беше уапсен, а потоа и осуден за „субверзивни активности“ против Народна Република Кина, затоа што повикуваше за поголема демократија во земјата.
Неговата сопруга е ставена во домашен притвор и не смее слободно да се движи, откако Лиу во 2010 година ја доби Нобеловата награда.
Лиу Ксиаобо е еден од клучнте лидери на протестите на пекиншкиот плоштад „Тиананмен“ во 1989 година.
По случувањата на плоштадот, на Лиу му беше понуден азил во Амбасадата на Австралија во Пекинг, но тој одлучи, сепак, да остане во Кина и да продолжи со кампањата за повеќе демократија и за почитување на човековите слободи.
После седум години забрана за слободно движење, кинеските власти се уште немаат дадено никакво објаснување, зашто сопругата на нобеловецот Лиу се наоѓа во домашен притвор.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Техничката влада е препартиска и нема уставен основ, сега не треба да има предвремени избори
-

Мисајловски: Сè поголем интерес за професионални војници, годинава конкурс за уште 300
-

Зеленски: Украински функционери се на пат кон САД за да ги разјаснат условите за постигнување мир
-

Стармер не сака разговори со Путин како што предложија Макрон и Мелони
-

Поранешната најголема санта лед во светот видена од вселената како се распаѓа
-

Трамп може да ги казни со царини земјите кои се противат на неговите планови за Гренланд
-

ДСЗИ: Причината за смрт на доенчето починато во Кавадарци ќе биде наведена во извештајот по завршување на обдукцијата
-

МВР: Од 20 до 31 јануари тестирање на камерите за сообраќаен надзор во рамки на „Безбеден град“
