-->
-->
ЕЛ: Македонија на мегдан со Азербејџан
-->
Македонската одбојкарска репрезентација по вчерашниот триумф над Шведска со 3:0 во Тирана во дуелот од Европската лига попладнево за ривал ја има селекцијата на Азербејџан. Заедно со победите на турнирот во Скопје нашата репрезентација има вкупно четири победи и против Азербејџан ќе ја „брка“ петтата победа.
- Тешко игравме во третиот сет против Шведска, но ја заслуживме победата. Тимот покажа добро ниво, а во иднина не треба да ги повторуваме грешките од третиот сет. Среќен сум за победата и добро го почнавме викендот, изјави селекторот на Македонија Драгутин Балтич.
На вториот натпревар одигран вчера Албанија го победи Азербејџан со 3:0. Македонија е прва во групата во 12 бода, пред Албанија која има 8, Шведска 3, Азербејџан има само еден бод.
Денешниот натпревар Македонија – Азербејџан почнува во 15 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Турски државјани натепале скопјанец на Бит Пазар
-
В недела предвремени парламентарни избори во Бугарија
-
ИЈЗ: Три случаи на конго-кримска хеморагична треска, еден случај на морбили
-
ЦУК: Турист од Холандија удрил во камен во Охридско Езеро, пренесен во болница
-
Во текот на 2023 година во земјава се родиле 14 деца од мајки помали од 15 години
-
Столтенберг: Украина има право да напаѓа цели во Русија
-
Вучиќ: За мене изборите завршија, ќе има многу важни одлуки на Сесрпскиот собор
-
Османи за експропријациите на север: Косово го испочитува законот, на сојузниците да им се објасни детално