Франгов: Референдумот во Гевгелија е обврзувачки за локалната самоуправа

Резултатите од референдумот против отворање рудници на територијата на општина Гевгелија, имаат правна основа и се обврзувачки за локалната самоуправа, изјави на денешниот прес градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов како одговор на извесни бранувања во јавноста кои се појавија откако беа објавени заклучоците од последната седница на Советот за развој на ЈИПР, чиј претседател е токму Франгов.
Франгов потенцираше дека тие заклучоци во кои се вели дека резултатите од референдумот се доставуваат до Министерството за економија и дека за нив се изјаснува Владата на РМ се однесуваат само за оние општини каде веќе се издадени концесии за експлоатација како на пример во општина Валандово.
- Ситуацијата со референдумот во Гевгелија е поинаква затоа што се одржа пред да добиеме барање за давање милење за доделување концесија врз база на кое Министертвото за економија ќе издадеше дозвола за експлоатација на минерални суровини, рече Франгов и нагласи дека поради тоа резултатот од референдумот во Гевгелија е обврзувачки за локалната самоуправа и кога општината би добила такво барање таа изричито би одговорила негативно, одноно според искажаната волја на жителите на општина Гевгелија.
Ново на Сител
-

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија
-

Путин ја обвини Украина дека ги минира мировните преговори
-

Елиминиран освојувачот на Купот Вардар - полуфинале за второлигашите Охрид и Шкендија Арачиново
-

Еден тон марихуана запленет во складиште на „Грин лајф“, една од шесте фирми на кои им е одземена лиценцата
-

Жителите на Старо Нагоричане се вознемирени поради можноста во нивната околина да постои сериски убиец
-

Пронајдена угината женка на загрозениот Балкански рис на патот Охрид – Ресен
-

Прилепчанец фалсификувал свидетелство за да може да полага возачки испит
-

Забрана за електронски цигари во затворен простор, одложена примената на законот за пушење на тераси
