Џет-Сет
23. September 2015 - 21:12

Бекамови „тежат“ 500 милиони фунти

Најновите истражувања на вредноста на брендот Бекамови, кој меѓу другото вклучува профитабилни производи, модни договори и креации за модните писти, покажува дека станува збор за вредност во износ од 500 милиони фунти (690 милиони евра). 

Маркетиншката вредност на членовите на ова семејство - поранешениот капитен на англиската фудбалска репрезентација Дејвид, модниот дизајнер Викторија и нивните деца - Бруклин, Ромео, Круз и Харпер, ја пресметала Лондонската школа за маркетинг.

Нивната годишна заработувачка изнесува меѓу 30 до 40 милиони фунти, а милионите доаѓаат од три главни извори: Footworks, каде спаѓаат работи поврзани за кариерата на Дејвид во спортот, Backham label кој се однесува на рекламните договори и Beckham Ventures, што подразбира сегмент поврзан за аспирациите на Викторија во светот на модата.

Моменталната вредност на Footworks изнесува 150 милиони фунти, Beckam label „ само“ 70 милиони фунти и Beckham Ventures 60 милиони, пренесува Лондонската маркетиншка школа.

И додека родителите се главни во придонесувањето кон богатството на Бекамови, нивните деца сега се пробиваат во светот на бизнисот каде создаваат маркетиншки брендови од своите достигнувања.

Бруклин (16) има 4.4 милиони следбеници на Инстаграм страницата откако неодамна се појави на насловната страна за Miss Vogue, пишува Мондо.

- Брендот Бекам е исклучително успешен во светот на маркетингот и рекламирањето, па дури и само спомнување на нивните имиња со некој друг бренд е настан кој привлекува внимание, вели Антон Доминик, директор по маркетинг во споментото училиште во Лондон.

-  Тоа што особено е интересно е дека семејното име е еднакво влијателно како и кој било индивидуален член во семејството, додаде Доминик.

Со оглед на тоа што сите членови во семејството работат со „полна пареа“, не е ни чудо што вредностата им е пола милијарда фунти.