Балкан
21. јуни 2017 - 15:17

Анализа: Во БиХ во април имало најмногу фирми во регионот со блокирани сметки

Во Босна и Херцеговина во април оваа година имало најмногу фирми во регионот со блокирани сметки, додека секоја четврта фирма во Србија имала блокирана сметка најмалку еден ден, соопшти денеска компанијата „Бисноде“.

Во БиХ сметките биле блокирани на секоја трета фирма, во Хрватска на секоја 11-та, а во Словенија секоја 20-та фирма.

Словенија во април имала најмногу новоосновани фирми (1,19 отсто), на второ место е Србија (0,44 отсто), а најмалку Хрватска (0,06 отсто). Тоа значи дека во Словенија на секои 85 постоечки се отворила по една фирма, а во Хрватска на секои 1,700.

Најголем број инсолвентни фирми (неспособни да ги плаќаат долговите) во април имала Словенија (0,21 отсто), а најмалку Хрватска (0,09 отсто).

Во Словенија се отвора по еден стечајна постапка на секои 450 фирми, а во Хрватска на секои 1.100 фирми.

Најмногу затворени и избришани фирми од регистер во април имало во Хрватска (0,99 отсто), а најмалку во Србија (0,14 отсто). Тоа значи дека во Хрватска на секои 100 фирми се брише по една, а во Србија на секои 700.