Медиумите тема на работните групи
Работните групи го отворија прашањето за медиумите. Партиите потписници на договорот од Пржино денеска ги слушаа предлозите на Македонската асоцијација на Медиуми како и здружението на новинари за потребните реформи во медиумскиот систем. Презентација за тоа како медиумите треба да известуваат за време на капмапња одржал и Ричард Бејли претставник од британскиот Би БИ Си. Но белгискот експерет кој ги води разговорите, Питер Ван Хојте не открива детали, според него ова била интересна дебата.
Најголемите новинарски здруженија МАН и ЗНМ ги истакале своите ставови преку кои ќе се зголеми професионализмот и квалитетот во медиумите.
Рокови за постигнување на договор околу регулација на медиумите нема, но според опозицијата тоа прашање треба да се реши и заврши што поскоро.
Европските посредници, еврокомесарот Хан, пратениците од Европскиот парламент , постојано повикуваат дека е неопходно спроведувањето на договорот од пржино и тоа е тест со кој Македонија ќе треба да ја докаже својата европска зрелост.
-

Весна Ќуксановиќ
Сите содржини од овој новинар
