Македонија
19. јуни 2017 - 20:04

Сител сторија: Ина од Скопје 20 години си ги бара родителите

Повеќе од 20 години го бара потеклото, но без успех. Ни се претстави како Ина. На 2 годишна возраст била посвоена од Домот за доенчиња во Битола. Израснала во ново семејство во внатрешноста на Македонија. Уште во градинка од другарчињата дознала дека има други биолошки родители.

-Дознав на 5 години дека сум посвоена од другарчињата во градинка. Прво што направуив ја прашав мајка ми дали е тоа вистина. Таа прво ми рече дека не е вистина, но од други роднини дознав дејка е тоа така, рече Ина пред камерата на Сител.

Од тогаш постојано и било во мислите кои и се родените мајка и татко, често се прашувала дали има браќа или сестри. Со години барала одговори по сите надлежни институции, но сеуште вистината не ја дознала.

-Сум барала по социјални, бев во домовите за деца и нема место каде не сум отишла и секаде одговорот е тоа е службена тајна по член 123 од законот, додаде Ина.

Во меѓувреме си нашла работа во државна администрација и се омажила затоа и инсистираше да и биде заштитен идентитетот. Сега 27 годишната Ина решена е додека е жива да ги бара корените, но од родителите кои ја одгледале никогаш нема да се откаже. Верува дека еден ден ќе ја сретне жената која ја родила, чувствувала дека и мајка и ја бара нејзе.

-Не знам што би и рекла, незнам што би и кажала... вели Ина.

- Ина е една од неколку стотиците посвоени деца кои ги бараат биолошките родители. Но, секаде наидувале на затворени врати. Сакаат само да знаат кои се каде се и што се ..Сегашниот закон овие информации ги класифицира како службена тајна.