Груевски-Чавушоглу: Односите меѓу Македонија и Турција се карактеризираат со пријателство и взаемно почитување
Постои високо ниво на односи меѓу двете држави кои се карактеризираат со пријателство и взаемно почитување, ова го констатирале на денешната средба во Скопје министерот за надворешни работи на Турција, Мевљут Чавушоглу со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на која присуствувал и членот на Извршниот комитет, Никола Тодоров.
Како што соопшти партијата, на средбата се разговарало за взаемните односи меѓу државите, стратешките интереси на Република Македонија поврзани со евроатланските интеграции и актуелната политичка состојба
- Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски истакна дека Турција е важен пријател на Република Македонија и поддржувач во аспирациите за членство во НАТО. Тој посочи дека стратешки интерес на Република Македонија е зачленување во НАТО, како и членство во Европската Унија, како и тоа дека Македонија е предолго надвор од процесите, и дека е потребен чекор кој ќе значи валоризирање и потврдување на се она што до сега е постигнато на тој план, стои во соопштението.
Груевски, се наведува, го повтори ставот дека на Македонија и е потребен брз прием во НАТО, и доколку за тоа има чисто и недвосмислено прашање, ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи и реформите за ЕУ кои се од корист за сите, и зад кои нема скриени агенди за партизација на институциите, за што, се посочува, веќе има тенденции од страна на владата на СДСМ.
Од страна на Груевски беше изразена благодарност за поддршката од страна на Турција, и беше посочена конструктивната и активна улога на турската заедница во демократскиот развој на Република Македонија, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка