Охрид ќе користи швајцарска ескпертиза за развој на туристичката стратегија

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и Амбасадорот на Швајцарија Стефано Лазарото денеска потпишаа Меморандум за соработка, насочен кон активности што со финансиска помош на швајцарската Влада ќе придонесат за подобрување на понудата за конференциски и авантуристички туризам во Охрид.
Предвидено е документот преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) што ќе ја имплементира агенцијата „Свисконтакт“, да уреди четиригодишна соработка што ќе биде интегрирана во Стратегијата за развојот на туризмот во Охрид за периодот од 2016 до 2020 година. Притоа за унапредување на конкурентноста на Охрид, како туристичка дестинација ќе бидат користени најнапредните методологии за развој на туризмот, иновативниот модел за управување со дестинации развиен на Универзитетот Сент Гален од Швајцарија.
- Овој документ што го потпишавме денеска преку знаења и експертизи ќе му помогне на Охрид уште повеќе да го искористи својот културно-историски потенцијал, односно ќе понуди научен пристап за начините како да се привлечат што поголем број туристи од регионалниот и светскиот пазар, истакна амбасадорот Лазарото, потсетуваќи дека Швајцарија денес е шестиот најголем развоен партнер на Македонија, со издвоени средства во износ од 85 милиони швајцарски франци за поддршка на проекти само за периодот од 2013 до 2016 година.
Градоначалникот Бакрачески нагласи дека крајната визија на веќе утврдената соработка е целосното искористување на богатите културни и природни ресурси на охридскиот регион по пат на меѓусебна соработка во процесот на развој и управување со дестинациски менаџмент, привлекување на што поголем број туристи од меѓународните пазари и утврдување на статусот на Охрид како главен туристички центар од кој гостите ќе се дисперзираат за да ги истражат и останатите туристички дестинации во Македонија.
- Она што исто така е важно што добивме и уверувања дека преку фонадацијата „Свисконтакт“ ќе биде олеснет и пристапот до меѓународните туристички пазари, размена и сонхронизирање на напорите за промотивни активности за презентирање на авантуристички, активен, културен конгресен и други видови алтернативен туризам, рече тој.
Инаку, преку програмата ИМЕ веќе се воспоставени контакти со најважните тур-оператори од Швајцарија „КУОНИ“ и „Бајк Адвенчр турс“, за привлекување што поголем број туристи од тој дел на Европа во Охрид. Швајцарската Влада исто така же ја поддржи и првата Регионалната конференција за авантуристички туризам што ќе се одржи во Охрид наредната година, а на која е предвидено учество на над 300 тур-оператори од целиот свет, како извонредна можност за промоција на охридската туристичка понуда.
Ново на Сител
-

„Мета“ со нови ВИ-модели како соперници на „Опен-АИ“ и „Антропик“
-

Верстапен се искачи на второто место во историјата на Формула 1 по најмногу победи со еден тим
-

Изминатата седмица санкционирани 135 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-

Обид за нов рекорд во пештерата Врело: Спелеонуркачи ќе истражуваат длабочини над 300 метри
-

Санкционирани 128 возачи, од кои 102 за брзо возење во акциска контрола во Скопје
-

Нови напади во Црното Море: Потона брод кај Бугарија, Радев најави разговор со НАТО
-

Франција: Околу 200 училишта затворени поради протестите на средношколците
-

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија на 3,5% за 2026 година
