Симиќ: Листа српска треба да ја добие функцијата претседател на Парламентот на Косово

Листа српска ќе го бара претседателското место во новиот косовски парламент за да го подржи формирањето на новата влада.
- Претседателот на овој политички субјект Славко Симиќ, јасно им даде до знаење на сите албански изборни коалции и субјекти дека доколку ги сакаат гласовите на Листа српска за поддршка на новата влада, треба Србите да ја добијат функцијата претседател на Парламентот, пишува весникот „Метро“.
Како аргумент за тоа претставниците на Листа српска го наведоа изборот на Албанец на чело на Парламентот на Македонија.
Тие сметаат дека ако Албанците имаат право на функцијата преседател на Парламентот на Македонија, истото право го имаат и Србите во Косово.
На предвремените парламентарн избори во Косово, што се одржаа на 11 јуни, учествуваа шест политички партии на Србите.
Централната изборна комисија се уште ги нема објавено официјалните резултати, но според прелиминарните, од десетте загарантрани пратенички места за Србите, дури девет има Листа српска и едно Независната либерална партија.
Според Уставот, мандатот за формирање влада го добива коалицијата или партијата со најголем број освоен пратенички места.
Доколку не успее да обезеди поддршка го враќа мандатот, по што претседателот треба мандатот да го даде на партијата или коалицијата што е втора по ред според освоенте пратенички места.
Ново на Сител
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
-

Тошковски: Загрижува растот на семејното насилство, но посветени сме за најдобар одговор којшто може да го даде МВР
-

Мицкоски: Реформите се доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Уставот
-

Мицкоски: Интензивно се работи делот од Кичево до Охрид, ќе биде готов во планираниот рок до првиот квартал в година
