Балкан
16. јуни 2017 - 13:14

Полицијата упадна во семејна куќа: Драган заробил 10 мигранти, ѕверски ги мачел, тепал и изгладнувал

Десетмина азиланти се пронајдени заклучени во поткровјето на семејната куќа на Драган В. Во Аранѓеловац.

Шестмина од нив се помлади од 18 години, односно сите на возраст од 12 до 27 години.

Улицата „Јован Скерлиќ“ во раните утрински часови беше окупирана од силни полициски сили. Застанале пред бројот 10, а потоа упаднале внатре.

Откриени се 10 мигранти во тешка состојба.

-Сите десетмина биле во видно измачена состојба, со бројни повреди и модрици по телото. Биле тепани и изгладнети. Како што подоцна објасниле, храна добивале два пати дневно, по парче леб и варено јајце. На таа храна биле со денови.

-Пасошите и парите кои ги носеле со себе им ги одзел Драган В. кој превозот низ Србија им го наплатил од 500 до 3.000 евра, вели извор на српското МВР.

Тој наведува дека полицијата до куќата на Драган В. дошла со оперативна работа, следејќи ги шверцеските канали за превоз на мигрантите низ Србија.

Така дошле до Драган и неговиот зет Срѓан А. кои заедно биле во „бизнисот“.

Foto: AP/Tanjug

-Во куќата живеат Драган, неговата сопруга, ќерката, зетот и внуците. Се занимавале со фарбање, никој од соседството не знаел дека шверцуваат мигранти, а ниту пак дека имале луѓе заклучени во домот. Ги видовме онака кутрите дури кога полицијата ги извлече во дворот. Навистина беа многу измачени, изморени, вели еден сосед.

Соседите велат дека потоа Драган и Срѓан со полициско комбе се однесени на распит во полицијата.

-Драган работи во една фирма во Аранѓеловац, никогаш не правел проблеми, а зетот правеше/ Сите знаат дека сака да се коцка, должи многу пари и можно е заради тоа да се одлучил на оваа работа и во неа го вовлече и дедото, вели соседот.

Сепак од нив не очекувале кон мигрантите да се однесуваат како со робови.

Foto: Tanjug/AP

-Сопругата на Драган и ќерката не се уапсени. Тие останаа дома со децата, но и тие се соочеснички, знаеја што се случуваше во куќата, велат соседите.

Полицијата од дворот на Вукосављевиќ однесе и шест нивни автомобили.

-Одземени им се три „реноа“, „фиат“, комбе со лажни таблички, „ауди“ и „опел“ со странски таблички. Според трагите од кал, „аудито“ и „опелот“ најверојатно биле користени за превоз на мигрантите, вели извор.

Откриените мигранти се префрлени во Прифатниот центар за опоравување.