Стојан чекал 14 години за да го одмазди својот син: Прашање на време било кога ќе го убие

– Беше прашање на време кога Стојан ќе го одмазди својот син. Повеќе од 14 години живееше со желба да го казни кривецот за неговата смрт. Не вредеши ни тоа што одлежа затвор заради заканите, раскажуваат познајниците на Стојан Стојановиќ (69) кој вчера во Пожаревац во убил Драган Степиќ (57) заради крвна одмазда.
Како што раскажале очевидците на немилиот настан, Стојановиќ го усмртил Драган кој порано работел во Претпријатието за патишта, а бил поставен за надзорник на градилиштето на кое во 2002 година загинал синот на Стојан. Крвавата драма се случила вчера околу 11 часот наутро во Пожаревац.
– Приватната фирмна на Степиќ изведуваше работи на улицата Југовиќ во Пожаревац. Стојан му пријде на Драган и без ништо да му каже испука еден куршум во него. Тешко ранетиот сопственик на фирмата беше одвезен во болницата во Пожаревац каде почина, а убиецот веднаш беше уапсен. Тој ја дочекал полицијата на местот на злосторот, изјавил за Курир.рс извор од истрагата.
Станарите на улицата каде што се случило убиството сведочеле дека истрелот силно се слушнал во целото маало.
– Слушнав само еден истрел и не знаев за што се работи. Подоцна дознав дека е застрелан човекот чијашто фирма работеше на нашата улица – изјавил еден од станарите.
Познајниците на Стојан велат дека тој не можел да ја преболи смртта на својот син.
– Синот му настрада на градилиште во селото Забрега кога одрон го затрупа. Ровот бил длабок три метри и не бил добро обезбеден. Тогаш одговорно лице и надзорник на градежните работи беше Степиќ. Стојан по таа трагедија се закануваше дека ќе го убие, а полицијата неколку пати му го одземаше оружје без дозвола. Тој беше убеден дека надзорникот е одговорен за смртта на неговиот син. Сите се плашеа дека ќе направи глупост, а тоа по цели 14 години и се случи – вели еден од познајниците на убиецот.
По трагедијата во која синот на Стојан го загубил животот, надзорникот Драган бил осуден на условна затворска казна во траење од шест месеци, како одговорно лице. Стојан, пак, поради заканите што му ги упатувал на Степиќ, одлежал половина година затвор.
Ново на Сител
-

Мирослав Попоски патува на 30-то големо натпреварување да ја бодри Македонија | ВИДЕО
-

Велешката полиција фати крадец на пари и златни предмети кои ги заложил
-

Лидерска средба утре во Клубот на пратениците за реформските закони и за укинување на техничката влада
-

17 години затвор за убиецот на турскиот државјанин во Штип
-

Судиите на 29 јануари ќе избираат член на Судскиот совет од редот на судиите од немнозинските заедници
-

Алгел: Вевчанскиот карневал уникатен и со традиција
-

80-годишен дедо фатен со 16 пакетчиња кокаин во Сплит, на полицајците рекол „Тоа е за здравје, се препородив“
-

Ножот се скршил, зел ножици па откако и тие се свиткале зел друг нож, детали за убиството во Богданци
