-->
-->
Во сабота стартува Купот на конфедерации
-->

Русија, од 17 јуни до 2 јули, ќе биде домаќин на десеттиот Куп на конфедерации. Овој турнир, традиционално, се одржува една година пред светското првенство и за домаќинот преставува еден вид генерална проба пред почетокот на Мундијалот.
На турнирот ќе настапат осум репрезентации: светскиот и европскиот првак – Германија и Португалија, домаќинот Русија, шампионот на Африка – Камерун, шампионот на Јужна Америка – Чиле, првакот на Азија – Австралија, првакот на Океанија- Нов Зеланд и најдобриот тим од Северна и Средна Америка и Карибите -Мексико.
Репрезентациите се поделени во две групи – А група: Португалија, Нов Зеланд, Мексико, Русија и Б група: Германија, Камерун, Австралија, Чиле. Натпреварите ќе се играат во Москва, Казањ, Сочи и Санкт Петербург.
Турнирот ќе го обезбедуваат 23.000 лица.
„Министерството за вонредни состојби на Русија добро се подготви. Сите учесници и гости ќе се чувствуваат мксимално безбедно“, рекол заменик-министерот Владимир Степанов.
Инаку, Русија за организација на овој турнир и на светското првенство наредната година ќе потроши 10,92 милијарди евра, што е за две милијарди помалку од сумата што ја потроши Бразил.
Според најавите, овој Куп на конфедерации може да биде и последен бидејќи во пресрет на Мундијалот во Катар турнирот нема да се одржи. Бидејќи Мундијалот во 2022 година ќе се одржи во јануари, клубовите ѝ порачаа на ФИФА дека нема да дозволат две години (2021 Куп на конфедерации и 2022 Светско првенство) да прават подолга пауза во јануари.
„Фактот дека Мундијалот ќе се игра во јануари 2022 година претставува проблем за европските тимови. Нема шанси и Купот на конфедерации да биде одржан во истиот термин“, рекол претседателот на Фудбалскиот сојуз на Германија, Рајнхард Гриндел.
На последниот Куп на конфедерации во 2013 година победи селекцијата на Бразил, која тогаш беше домаќин. Според традицијата, ниту една репрезентација која победила на Купот на конфедерации потоа не успеала да победи на Мундијалот.
Турнирот на 17 јуни ќе го отворат Русија и Нов Зеланд (18 часот)
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Руте: Останете безбедни и чувајте нè безбедни
-

Израел повикува на прекинување на сите врски со Иран
-

Руте пречекан со транспарент „НАТО убива“ од пратениците на Левица
-

Стружани денеска од цистерна полнат чиста вода, матноста на водата од градскиот водовод втор ден во граници на нормала
-

Поранешната директорка на Онкологија Клисаровска сведочеше за недостигот од конзилиум и колективни одлуки за терапии во „Онкологија 2“
-

Руте: НАТО не е вклучен во последните случувања на Блискиот Исток, но ќе го одбрани секој дел од својата територија
-

„Безбеден град“ - превентивен механизам за намалување на сообраќајните прекршоци, смета стручната јавност
-

Доминација на КБК Шампион Скопје - сила во сите генерации
