Средба на министерот Спасовски со италијанскиот амбасадор Ромео
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со амбасадорот на Италија Карло Ромео.
На средбата, соопшти Министерството за внатрешни работи, амбасадорот Ромео му го честита изборот на министерот Спасовски и му посака успешна работа, а понуди и помош за реформите во Министерството за внатрешни работи. Воедно ја потенцирал важноста од добрата соработка на полициите од двете држави во областа на перењето пари, финансирање тероризам и трговијата со дрога, а особено за проблемот со мигрантите.
- Министерот Спасовски се заблагодари на честитките и досегашната соработка со Република Италија и изрази уверување дека таа соработка ќе биде уште посодржајна. Тој потенцира дека клучен приоритет е целосна реформа на полицијата, а во овој процес ќе биде добредојдена и помошта од пријателските земји. Според него, соработката со пријателските земји е многу важна и во справувањето со предизвиците како тероризмот, трговијата со дрога и особено проблемот со мигрантите, што може во секој момент да добие на интензитет, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово
-
Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга