-->
-->
Квалификации за СП 2018: Костарика останува во трка за пласман на Мундијалот
-->

Фудбалската репрезентација на Костарика останува во трка за едно од трите местоа во КОНКАКАФ зоната кои носат пласма на завршницата на СП во Русија 2018.
Костарика ноќеска пред својата публика ја совлада репрезентацијата на Тринидад и Тобаго со 2-1, а со новите три бода се зацврсти на 2.место на табелата.
Вторниот меч одигран ноќеска меѓу Панама и Хондурас заврши без победник 2-2. Нерешено беше и на дуелот меѓу Мексико – САД 1-1 кој се одигра во понеделникот.
По 6 одиграни кола лидер на табела е Мексико со 13 бодови, пред Костарика со 11 и САД со 8, по кои следуваат Панама 7, Хондурас 5 и Тринидад и Тобаго 3.
Пласман на Мундијалот директно ќе обезбедат трите првопласирани селекции додека четврторангираната ќе игра бараж.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Очевидци: Повеќе лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Ријад
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
