-->
-->
Вонреден самит на ЕУ посветен на бегалската криза
-->
Во Брисел денеска се одржува вонреден самит на Европската унија посветен на решавање на бегалската криза, само еден ден откако министрите за внатрешни работи и правда, без консензус, ја усвоија резолуцијата за прераспределбата на бегалците меѓу државите-членки.
ЕУ сега настојува да постигне единство на највисоко ниво, бидејќи може да се испостави дека бројката од 120 илјади бегалци, за чија распределба се договорија е мала во однос на вкупниот број на мигрантите, кои веќе влегле во ЕУ и кои тоа наскоро можат да го сторат.
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, кој го свика самитот, со тоа го исполни ветувањето дадено пред две недели дека ќе свика вонредна средба на врвот доколку министрите се согласат за планот на Европската комисија околу 120 илјади мигранти солидарно да се раселат ширум ЕУ преку воведувањена квоти.
Министрите за внатрешни работи и правда на земјите од ЕУ минатиот понеделник не можеа да постигнат договор за тој план, но вчера со големо мнозинство гласови ја усвоија резолуцијата за прераспределбата на бегалците.
Министерот за внатрешни работи на Чешка, Милан Хованец напиша на Твитер дека Чешка, Унгарија, Романија и Словачка гласале против планот, додека Финска била воздржана.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228