Фестивал на органска храна

„Да ги победиме лошите животни навики-градиме здрава, зелена и органска иднина!“, е мотото на 7. Фестивал на органска храна што ќе се одржи денеска во паркот „Жена Борец“.
На Фестивалот ќе се промовираат значењето на органското земјоделско производство во однос на економскиот развој и понудата на органската храна како платформа за поврзување на производителите, преработувачите, науката и потрошувачите со единствена цел - перспективна одржлива иднина за органска Македонија.
Во изложбениот дел, на т.н. Органска улица, ќе се претстават голем број производители. Посетителите ќе имаат можност да дегустираат органски производи, а помладите, преку едукативно-креативен пристап, ќе добијат повеќе информации за здравиот начин на живеење.
Предвидени се и работилници за сите возрасти, дебати за здравиот начин на исхрана, забавна програма со музика, спорт, рекреација,...
Настанот е под покровителство на Град Скопје, а го организира ДИПОЗ-ФЗНХ-Скопје.
Ново на Сител
-

Кралот Чарлс ги собира лидерите на ВИ компаниите поради растечката загриженост за безбедноста
-

Поради отсуство на сведоци, одложено судењето против 13 полициски службеници поврзани со „Пулс“
-

Маж утрово се фрлил во Вардар, пренесен во болница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството на СДСМ и ДУИ ги штити криминалците
-

Дизелот во САД достигна нова рекордна цена
-

Орбан повика на отпор против „реколонизацијата“ на Унгарија
-

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница
-

Direct Media Одбележува 25 години работење
