Хан оствари средба со Дачиќ

Европскиот комесар за соседска политика и проширување Јоханес Хан, по пристигнувањето во Белград, оствари средба со вршителот на должност премиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.
Шефот на српската дипломатија нагласи дека целта на Србија и Западниот Балкан е присоединување кон Европската унија, и дека таа цел може да се оствари единствено со големи чекори, а не со поткопувачки изјави кои го враќаат регионот во минатото.
Тој ја истакна важноста на отворањето на поглавјата со цел продолжување на динамиката и континуитетот во процесот за напредување кон патот на европските интеграции, соопшти српското Министерство за надворешни работи.
Дачиќ наведе дека еден од надворешно-политичките приоритети на Србија е регионалната стабилност и наведе дека земјата ќе вложи максимални напори со својата конструктивна улога да даде значителен поттик Балканот да биде зона на регионална стабилност и мир.
Хан и Дачиќ констатирале дека Србија е на добар пат, како и дека е неопходно да се надомести она што е изгубено во минатото.
Дачиќ потенцираше дека Србија ќе направи се што е можно со цел да се продолжи дијалогот со Приштина, но и оти очекува да се исполни она што е најважно за Белград, а тоа е формирањето на Заедница на српски општини.
Хан изјави дека овој месец очекува да бидат отворени уште две поглавја во преговорите за членството на Србија во ЕУ, нагласувајќи дека тој процес ќе биде продолжен во втората половина на годинава.
Европскиот комесар за соседска политика и проширување истакна дека неговата посета на Србија е со цел на граѓаните да им ги покаже конкретните резултатит на евроинтеграцискиот процес.
Хан наведе дека напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина е предуслов за перспективата за влез во Униката и изрази очекување дека Приштина ќе ја потврди посветеноста на тој процес бидејќи дијалогот нема друга алтернатива.
Дачиќ и Хан заклучија дека дијалогот мора да води кон конкретни резултати, и покрај тешкото минато, бидејќи за двете страни е важно да имаат успешен и конструктивен дијалог, стои во соопштението.
Хан, исто така, ќе одржи состанокот и со српскиот претседател Александар Вучиќ.
Ново на Сител
-

Почна судењето против Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“
-

Водата за пиење во Скопје безбедна и квалитетна
-

Ноќните температури во Атина синоќа достигнаа и до 33 степени
-

СПМ: Македонија не е предмет на бугарски историски диктат
-

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн
-

Европската комисија одобри 6,1 милијарда евра помош за одбраната на Украина
-

Сирија и Израел одржале разговори со посредство на САД за намалување на тензиите
-

Почнува судењето против Груби и седум други лица за злоупотреби во „Државна лотарија“
