Родителите на децата со посебни потреби организираат хепенинг „Можеме!Знаеме!Умееме!“

Граѓанската иницијатива „Пет до 12“ на родителите на децата со посебни потреби во сабота од 18 часот пред Собранието на Република Македонија организира мултимедијален инклузивен хепенинг „Можеме!Знаеме!Умееме!“.
Зоран Мијалков од граѓанската иницијатива на денешната прес-конференција рече дека она што го организираат е потврда на нивните изјави дека по формирањето на новата Влада ќе организираат настан на кој ќе ги објават барањата за интервенции во постоечките закони и носење на нови закони за подобрување на животот на лицата со посебни потреби.
- На овој настан ќе ги покажиме и нашите шампиони, ќе видите деца од параолимписките игри со медали. Освен нашиот Вардар ќе покажиме дека и Македонија има и други шампиони, кои исто треба да се пречекаат, како што им доликува. Ќе имаме поддршка од јавни личности, од пејачи, актери од сојузи од Македонија, рече Мијалков.
Тој ги повика новите министри и 120-те пратеници да дојдат на мултимедијалниот инклузивен хепенинг и да поразговараат за отпочнување на законските измени коишто ги бараат за подобри испитувања, терапии, услови за живот на нивните деца и згрижување на возрасните лица со посебни потреби по смртта на нивните родители.
Мијалков вели дека веќе за во петок имаат најава оти ќе имаат средба со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на која ќе ги презентираат нивните барања.
Ново на Сител
-

Уапсен 28-годишник од гостиварско, пронајдени кокаин и марихуана
-

Светски ден на менталното здравје: Барањето помош не е слабост, секој човек заслужува да биде слушнат и разбран
-

Изложба по повод 80 години од пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во Скопје
-

Трамп: Норвешка има „неизбришлива дамка“ зашто не ми додели Нобелова награда за мир
-

Анкета на МКД.мк: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и натаму во убедливо водство
-

Киев со остри критики по одлуката на САД да ги ублажат санкциите за рускиот дизел
-

Прогласена „голема катастрофа“ во Панама по силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени
-

На парламентарните избори во Србија ќе учествуваат 18 партии и коалиции
