Коментар на Руската амбасада за тврдењата на Центарот за истражување на организиран криминал и корупција

Амбасада на Руската Федерација во Република Македонија преку соопштение до медиумите ги коментира тврдењата на „Центарот за истражување на организиран криминал и корупција“ дека Руската Федерација наводно се меша во внатрешните работи на Македонија и ги оценува како некомпетентни.
- Тврдењата на „Центарот за истражување на организиран криминал и корупција“ спонзориран од американските државни фондови и Џорџ Сорос, дека Русија наводно се меша во внатрешните работи на Република Македонија, се карактеризираат со фрапантна професионална некомпетентност, безгранична фантазија, но целосно се вклопуваат во рамките на антируската хистерија што ја шири Западот. Според нејзината извртена логика, развојот на односите со Русија, вклучително и трговско-економските, културните, образовните па дури и хуманитарните врски претставува закана за Македонија, се вели во коментарот на Руската амбасада.
Се наведува дека актуелниот бран на дезинформации за политиката на Русија во однос на Македонија беше предизвикан од пишувањата на лондонското издание „Сандеј Тајмс“ од крајот на април и почеток на мај годинава.
- Да се демантираат многубројните лапсуси и фејк-информации од сите овие нарачани написи и псевдоновинарски „истражувања“ е бесмислена и бесперспективна работа. Нивната цел е очигледна, а тоа е поткопување на позитивниот углед на Русија во Македонија и на целиот Балкан, отежнување на нашите пријателски и заемно полезни односи со земјите од регионот, но и спасување на драстично опаднатиот углед на Западот поради неговото бескрупулозно мешање во внатрешните работи на Македонија и поддршка на ”тиранската платформа“ која претставува закана по стабилноста на државата. Фактот дека иницијаторите и извршителите на оваа русофобска кампања користат толку груби провокации и фалсификати сведочи само за тоа дека тие губат во фер натпреварот на идеите и на вредностите во меѓународната политика и немаат што да ѝ спротивстават на Русија освен фалсификати и лажни вести, се потенцира во коментарот од Амбасада на Руската Федерација во Република Македонија.
Ново на Сител
-

Иран нападна цели во соседните земји
-

Најстудено и најмногу снег утрово на Попова Шапка
-

Нетанјаху: Иран веќе не може да збогатува ураниум и да произведува балистички ракети
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан Бајрам
-

ЕУ повика на повторно отворање на Ормускaтa Теснина и прекин на нападите врз енергетската и водоводната инфраструктура
-

Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ, жените подологовечни од мажите
-

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
-

Кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ продолжува во Росоман
